Достапни линкови

Загадениот воздух ги затвори училиштата и градинките во Техеран


Смог над Техеран на 14 ноември 2016

Смог над Техеран на 14 ноември 2016

Властите во главниот град на Иран, Техеран, денеска ги затворија училиштата поради екстремно високата загаденост на воздухот.

„Градинките и основните училишта во понеделник се затворени во Техеран и во повеќето градови во провинцијата“, информира Министерството за образование, а пренесе државната новинска агенција ИРНА.

Техеран вчера беше покриен со смог, што ги принуди 14-те милиони жители да останат во своите домови и да носат маски кога излегуваат надвор.

Властите ги проширија ограничувањата за сообраќај во делови од градот и распоредија амбулантни возила во најпрометните и најзагадени области.

Се очекува екстремната загаденост да трае до 16 ноември за кога се предвидени ветрови што ќе го оддуваат смогот од главниот град на Иран, изјави владин претставник за државната телевизија.

Техеран е меѓу најзагадените градови во светот.

XS
SM
MD
LG