Достапни линкови

logo-print

Бугарската Влада поднесе оставка


Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа ја најави оставката на неговата влада

Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа ја најави оставката на неговата влада

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска до Народното собрание на Бугарија поднесе оставка на неговата Влада, соопшти прес-службата на бугарскиот владин Кабинет. Како што јави БТА, во писмото со оставката Борисов напоменува дека Владата ќе продолжи да ги извршува своите функции сè до изборот на нов Министерски совет и дека ќе обезбеди „континуитет во управувањето со земјата“.

Оставката на својата Влада, Борисов ја најави уште синоќа по победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев.

Борисов изјави дека во Бугарија „има нова политичка ситуација“ и дека е очигледно оти се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада.

Борисов оцени дека станало „јасно оти нешто не е во ред со актуелната политичка класа и со актуелниот начин на управување“.

„Многу луѓе се чувствуваат незадоволни... и јасно е дека над 3,5 милиони Бугари сакаат промени“, изјави Борисов, заложувајќи се меѓу другото и за намалување на бројот на пратениците во бугарскиот Парламент.

XS
SM
MD
LG