Достапни линкови

logo-print

Најмалку 6 луѓе загинале во самоубиствен напад во близина на Багдад


Карбала

Карбала

Најмалку шестмина цивили загинале денеска кога неколкумина бомбаши самоубијци се обиделе да влезат во ирачкиот свет град Карбала во близина на Багдад, соопшти ирачкото министерство за внатрешни работи. Се прецизира дека полицијата убила петмина самоубијци, но оти шестиот успеал да го активира експлозивот кога влегол во една куќа. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но се сомнева дека станува збор за сунитски верски екстремисти. До нападот дојде во време кога ирачките сили напредуваат кон Мосул, последно упориште на ИД во Ирак во рамките на големата офанзива покрената на 17 минатиот месец.

XS
SM
MD
LG