Достапни линкови

Бугарија пред предвремени избори?


Румен Радев победи на претседателските избори во Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Румен Радев победи на претседателските избори во Бугарија

Сојузникот на Бугарската социјалистичка партија генерал Румен Радев, проруски почетник во политиката, победи на претседателските избори. Тоа го натера централно-десничарскиот премиер Бојко Борисов да ја најави својата оставка. Според посматрачите, тоа ќе значи и предвремени избори во Бугарија.

53 годишниот Румен Радев влезе во бугарската политика на бранот на незадоволство од неуспехот на власта во борбата против корупцијата, разочарувањето од Европската унија, како и загриженоста кај гласачите од преголемото отуѓување од се понаметливата Русија.

Поранешниот командант на бугарските воздухопловни сили, генерал Радев смета дека Бугарија треба да биде прагматична во балансирањето меѓу барањата на ЕУ и НАТО и барањето начини да да се исплозуваат врските со Москва.

Цецка Цанчева и Руман Радев, ТВ дебата, Софија 10.11.2016.
Цецка Цанчева и Руман Радев, ТВ дебата, Софија 10.11.2016.

Излезните резултати покажаа дека Радев, кој е поддржан од опозициската Социјалистичка партија, освоилскоро 60 насто од гласовите додека неговиот ривал од владејчката партија ГЕРБ, 58 годишната Цецка Цачева, 35 проценти.

Најавената оставка на премиерот Бојко Борисов, најверојатно, ќе доведе до предвремени избори во март идната година.

По тоа, според посматрачите, би можело да следат неколку месеци на тешки коалициски преговори меѓу неколкуте политички групации.

Заедно со политичката нестабилност, вртењето на Бугарија кон Русија е голем удар за западно европските сојузници на земјата и го нагласува растечкото влијание на Москва во југоисточна Европа.

Додека повеќето од клучните одлуки во Бугарија се носат од страна на владата, претседателот, кој командува со вооружените сили, може да го поколеба јавното мислење, со оглед на тоа што има право да враќа закони на повторно разгледување во парламентот.

Радев не се залага Бугарија да се откаже од НАТО, а свесен е и за финансиското влијание на помошта од ЕУ.

Но, тој повика на крај на санкциите на ЕУ против Русија и рече дека Софија треба да биде прагматична во својот пристап кон какво било прекршување на меѓународните закони од страна на Москва.

Многумина во оваа балканска земја се заинтересирани да видат обновени трговски односи со Русија како решение на економските проблеми и враќање на виталните приходи од туризмот.

Говорејќи во неделата вечер, Радев изјави дека се надева на добар дијалог и со САД и Русија и изрази надеж дека со новиот претседател во Вашингтон, ќе се намали конфронтација меѓу Западот и Москва.

„Што се однесува до тоа повеќе мир или повеќе војна. Во својата предизборна кампања веќе новиот претседател на САД изјави недвосмислено дека ќе работи за еден подлабок дијалог со Русија. Тоа дава надеж, голема надеж, за мирно решавање на конфликтите и во Сирија и во Украина и за намалување на тензиите во политиката“.

Иако се очекува бугарската економија да расте со релативно здрава стапка од околу 3,3 проценти оваа година, Бугарија и натаму останува најсиромашната членка на ЕУ, со просечна плата од околу 470 евра месечно. Неконтролираната корупција во јавната администрација се смета за клучен фактор за забавувањето на напредокот на земјата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG