Достапни линкови

logo-print

Прорускиот кандидат Додон победи на претседателските избори во Молдавија


Резултати од вторит круг претседателски избори во Молдавија, 13.11.2016.

Резултати од вторит круг претседателски избори во Молдавија, 13.11.2016.

Социјалистот Игор Додон прогласи победа на второт круг од претседателските избори во Молдавија пред проевропскиот кандидат Маја Санду. Претходно Централната изборна комисија соопшти дека Додон добил 54, додека Санду 45 насто од гласовите. Додон на прес конференцијата вети дека ќе биде претседател на сите граѓани на Молдавија. Некои имаа забелешки бидејќи не можеле да гласаат во амбасадите на земјата во Лондон, Букурешт, Болоња, Москва и други градови, затоа што таму не биле доставени доволен број избирачки ливчиња. И покрај овие контроверзи, Додон успеа убедливо да победи. Тој се залага за обнова на односите меѓу Молдавија и Русија, кои се оладија откако Молдавија склучи трговска спогодба со ЕУ. Тој додаде дека сака да воведе федерално уредување со цел во Молдавија да влезе и Придњестровската област во која се стационирани илјада руски војници.

XS
SM
MD
LG