Достапни линкови

logo-print

Румен Радев: Демократијата ја победи апатијата


Румен Радев и Цецка Цончева пред нивната ТВ дебата, Софија, 10.11.2016.

Румен Радев и Цецка Цончева пред нивната ТВ дебата, Софија, 10.11.2016.

„Демократијата ја победи апатијата и најмногу стравот“, изјави пред новинарите поранешниот генерал Румен Радев, кој победи на претседателските избори во Бугарија. По оваа победа на промосковскиот кандидат Румен Радев пред кандидатот на владејачката коалиција, претседателката на парламентот Цецка Цанчева, бугарскиот премиер Бојко Борисов ја најави својата оставка. Тоа најверојатно ќе значи и предвремени парламентарни избори кои би се одржале напролет и повторно политички тензии само две години откако Борисов по втор пат стана премиер. Радев доби 60, додека Цанчева само 35 насто од гласовите. Посматрчаите сметаат дека оваа ненадејна победа ќе ја врати Бугарија во руската орбита, тренд кој расте во источните и централно европските земји поради зголемениот скпетицизам во Европската унија.

XS
SM
MD
LG