Достапни линкови

Целосно потврдени 12 кандидатски листи, а една делумно


Државната изборна комисија

Државната изборна комисија

Државната изборна комисија на синоќешната седница ги прифати целосно кандидатските листи на пет, а делумно на еден политички субјект, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности. Потврдени се листите на Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија, на Коалицијата „Алијанса за Албанците“, на Левица и на НДМ. Прифатени се и поднесените листи на СДПМ, освен за првата и за третата изборна единица, за кои според мнозинството членови на ДИК, констатираните неправилности не се отстранети. Државната изборна комисија на седницата во саботата ги прифати кандидатските листи на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на опозициската коалиција предводена од СДСМ, на ДУИ, на ДПА, на ПДП, на ЛП и на Беса. Овие 13 политички субјекти се пријавија за учество на парламентраните избори на 11 декември и поднесоа кандидатски листи за пратеници до крајниот рок кој истече на 11 ноември на полноќ. Жребувањето за редоследот на кандидатските листи за изборите треба да се одржи на 20 ноември, а следниот ден почнува предизборната кампања која ќе трае 20 дена.

XS
SM
MD
LG