Достапни линкови

logo-print

Борисов најави оставка по победата на опозицискиот кандидат за претседател


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја најави својата оставка по завршувањето на гласањето на претседателските избори на кои очигледно ќе победи опозицискиот кандидат Румен Радев, кој беше поддржан од Бугарската социјалистичка партија. Радев има пријателски став кон Москва.

Десно-центристичкиот премиер Борисов по денешното гласање изјави дека формално ќе ја поднесе оставката утре или задутре, бидејќи „резултатите јасно покажуваат дека владејачката коалиција веќе нема мнозинство“.

Неговата оставка веројатно ќе доведе до предвремени избори на пролет.

Анкетите покажуваат дека поранешниот шеф на бугарското воено воздухопловство Румен Радев, кој нема политичко искуство, освои скоро 60 проценти од гласовите на денешното гласање. Неговата противничка, поранешната претседателка на Собранието, Цецка Цачева, освои само околу 35 отсто.

Аналитичарите велат дека изборот на Радев може да ја врати Бугарија во руската орбита, тренд кој се засилува во Централна и Источна Европа во услови на зголемен скептицизам во врска со ЕУ.

Претседателот на Бугарија е повеќе церемонијална функција, но тој може да влијае на владините политики.

XS
SM
MD
LG