Достапни линкови

logo-print

Мигранти стигнаа пеш од Белград до хрватската граница


Мигрантите тргнуваат од Белград кон хрватската граница на 11 ноември 2016

Мигрантите тргнуваат од Белград кон хрватската граница на 11 ноември 2016

Групата од околу 100 мигранти, кои тргнаа пеш од Белград, стигнаа до градот Шид, на границата со Хрватска, пренесе Танјуг.

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална заштита Ненад Иванишевиќ за националната телевизија РТС изјави дека мигрантите се придружени од полицајци и претставници на српскиот комесаријат за мигранти и бегалци и Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Тој истакна дека патувањето до хрватската граница е уште еден залуден обид на мигрантите да привлечат внимание на себе и да ја натераат Европската унија да ги отвори границите за нив. Иванишевиќ рече дека српските власти им нудат да се вратат во Белград или во приемните центри за бегалци и мигранти.

Во Србија во моментов има околу 6.000 мигранти и бегалци. Во центрите има место за околу 5.000 луѓе, но благодарение на донации до крајот на месецот капацитетот ќе биде зголемен за уште 1.000 места, рече Иванишевиќ.

XS
SM
MD
LG