Достапни линкови

logo-print

Басеску гласаше за проевропскиот кандидат за претседател на Молдавија


Поранешниот романски претседател, Трајан Басеску

Поранешниот романски претседател, Трајан Басеску

Поранешниот романски претседател, Трајан Басеску, кој неодамна доби молдавско државјанство, денеска пред новинарите изјави дека гласал „за европските вредности“ во вториот круг од претседателските избори во Молдавија, пренесе ТАСС. Басеску гласаше во амбасадата на Молдавија во Букурешт, заедно со својата сопруга. Двајцата минатата недела добија молдавски пасоши.

Басеску минатата недела кажа дека ќе гласа за кандидатката на проевропските сили Маја Санду, која според негово мислење ќе ја обедини Молдавија со Романија.

Тој ги повика граѓаните на Молдавија, вклучувајќи ги и оние кои живеат во Романија и другите земји, да го следат неговиот пример.

По повлекувањето од претседателската функција во декември 2014 година, Басеску соопшти дека целосно ќе се посвети на проектот за обединување на Молдавија и Романија.

XS
SM
MD
LG