Достапни линкови

Најмалку 50 загинати во бомбашки напад во Пакистан


Брза помош интервенира на местото на експлозијата во светилиштето Шах Нурани во Пакистан

Брза помош интервенира на местото на експлозијата во светилиштето Шах Нурани во Пакистан

Најмалку 50 луѓе загинале, а повеќе од 100 се повредени во вчерашната експлозија на бомба во суфистички храм во југозападен Пакистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава. Експлозијата се случила во светилиштето Шах Нурани во провинцијата Балучистан, на околу 100 километри северно од Карачи, каде што се пренесени многумина од повредените. За време на експлозијата во објектот имало стотици луѓе. Се претпоставува дека меѓу загинатите има многу жени и деца. Оваа година провинцијата Балучистан беше мета на некои од најкрвавите напади од милитантите.

Суфизмот е гранка од исламот која поддржува мистицизам и вклучува музика во молитвите. Исламската држава и други екстремисти го сметаат суфизмот за ерес.

XS
SM
MD
LG