Достапни линкови

Рачна бомба експлодирала во Маџари


Илустрација: Рачна бомба

Илустрација: Рачна бомба

Во скопската населба Маџари, ноќеска, 15 минути по полноќ, на улицата „Анри Барбис“ се слушнала силна детонација од експлозивна направа од која биле оштетени прозорци од куќата, сопственост на Д.С.(56) и едно патничко моторно возило „Хјундаи Атос“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т. (21). Во експлозијата нема повредени.

Како што информираат од МВР, за настанот бил известен Одделот за антитероризам, кој ноќеска извршил увид. Било утврдено дека станува збор за рачна бомба, но сè уште не е познато од кој вид. Пронајдениот материјал е доставен на вештачење.

XS
SM
MD
LG