Достапни линкови

logo-print

Бугарија бира претседател


Бугарските избирачи денеска гласаат во вториот круг на претседателските избори, во кој учествуваат поранешниот генерал Румен Радев, кого го поддржуваат опозициските социјалисти, и Цецка Цачева, кандидатот на владејачките партии.

Судејќи според последните анкети, шансите за победа се поголеми на страната на Радев, поранешен командант на воено-воздухопловните сили.

Аналитичарите оценуваат дека победата на Радев најверојатно ќе ја приближи Бугарија до Русија, што ќе се одрази и на односите со сојузниците од ЕУ и НАТО.

Можна е и повеќемесечна политичка нестабилност, со оглед на фактот дека бугарскиот премиер Бојко Борисов најави повлекување доколку неговиот кандидат загуби на изборите, потсетуваат британските медиуми.

Резултатите од испитувањето на јавното мнение, што ги спроведе „Галуп интернешенел“, покажуваат дека Радев има поддршка од 51 отсто избирачи, а Цачева, која е подржана од ГЕРБ, партијата на десниот центар на премиерот Борисов, има поддршка од 40 отсто избирачи.

Во првиот круг од изборите, на 7 ноември, повеќе гласови освои Радев, кој тогаш изјави дека народот гласал за промени.

Борисов претходно изјави дека доколку Цачева не биде прва во првиот круг од гласањето, ќе распише предвремени избори.

XS
SM
MD
LG