Достапни линкови

Демаркација на границата со Црна Гора за укинување на визите за ЕУ


Говор на премиерот Иса Мустафа во косовскиот парламент

Говор на премиерот Иса Мустафа во косовскиот парламент

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека Парламентот треба да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора за да се отвори патот за визна либерализација. Според него, Владата, која ја преводи тој се држи во заложништво и не може да го достави споменатиот договор во Парламентот.

Инаку, токму премиерот Мустафа лично го повлече Предлог законот за демаркација на седницата на Парламентот од 1 септември поради противење на опозицијата, но пред сè поради бојкотот на српските пратеници, а со тоа владината коалиција го немаше потребниот број гласови.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за време на вчерашната посета на Приштина јасно им порача на косовските лидери дека нема визна либерализација без договор за демаркација со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG