Достапни линкови

Се одбележуваат 72 години од ослободувањето на Скопје


Архивска фотографија: Одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 2014.

Архивска фотографија: Одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 2014.

Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје. По тој повод, градоначалникот Коце Трајановски ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

На 13 ноември пред 72 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

XS
SM
MD
LG