Достапни линкови

Перу - Ако САД не сакаат, трговски договор со Русија и со Кина


Претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински вежба на отворено

Претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински вежба на отворено

Претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински, за Раша тудеј изјави дека земјите од Пацификот треба да постигнат нов трговски договор со Кина и со Русија, ако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како што се очекува, се откаже од договорот постигнат со претседателот Барак Обама. Поради противењето од Трамп и од републиканците во Конгресот, Обама вчера официјално се откажа од напорите за потпишување на Договорот за транс-пацифичко партнерство во кој учествуваат 12 земји, но Русија и Кина се исклучени.

„Може да биде заменет со сличен договор, но без САД“, рече вчера за РТ претседателот на Перу, кој е поранешен банкар од Вол Стрит и застапник за слободна трговија.

„Мислам дека ќе биде најдобро да постигнеме азиско-пацифички договор во кој ќе бидат вклучени Кина и Русија. Ќе треба да има нови преговори“, изјави Педро Пабло Кучински.

Наредната недела Перу ќе биде домаќин на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка, на кој треба да учествуваат лидерите на Кина, Русија, САД и Јапонија, за прв пат по неочекуваниот избор на Трамп за претседател. Обама планира да ги извести другите лидери дека судбината на договорот сега е во рацете на Трамп, кој во претседателката кампања зборуваше токму против договорот.

Кина веќе работи на алтернативен договор.

XS
SM
MD
LG