Достапни линкови

logo-print

Павлопулос - Македонија е една и грчка


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 15 јануари 2016

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 15 јануари 2016

Македонија е една и е грчка, го повтори својот став грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, овој пат од церемонија во Костур, каде што беше прогласен за почесен граѓанин.

Во својот говор во црквата во Костур тој ја истакна потребата од „национално единство затоа што секоја поделба е нож во срцето на земјата“, осврнувајќи се на граѓанската војна и нејзините последици. Павлопулос рече и дека братот на неговата жена се борел во Костур каде бил убиен и погребан.

„Денешната годишнина ја инспирира безвременската лекција, но е и конечен одговор на фалсификаторите на историјата, како што рече покојниот Константинос Караманлис дека Македонија е една и грчка. Денес ја славиме 104-годишнината од ослободувањето на градот Костур од турскиот јарем, што придонесе за конечната интеграција на Македонија во нејзината природна историска лулка, во нашето национално стебло, во нашата национална лулка“, рече Павлопулос.

Тој и претходно во неколку наврати зборуваше за „грчкиот карактер“ на Македонија.

XS
SM
MD
LG