Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат протестите против изборот на Трамп за претседател


Продолжуваат протестите против изборот на Трамп за претседател во Портланд на 10 ноември 2016

Продолжуваат протестите против изборот на Трамп за претседател во Портланд на 10 ноември 2016

Протестите против изборот на Донал Трамп за нов претседател на САД траат трета вечер по ред. Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Мајами, Атланта, Филаделфија, Њујорк, Сан Франциско, Портланд и во други американски градови изразувајќи револт од контроверзната реторика на Трамп во однос на имигрантите, муслиманите и жените.

Едно лице наводно било застрелано во Портланд за време на демонстрациите. Сè уште не е јасно како дошло до инцидентот и каква е состојбата на застреланиот. Полицијата во Портланд употребила шок-бомби за да ги растера насобраните од централното градско подрачје.

Неколку илјади активисти маршираа низ центарот на Мајами, а неколку стотини од нив го блокираа автопатот.

Околу 1200 демонстранти протестираа на Вашингтон сквер парк и пред Кулата Трамп во Њујорк, каде што живее новоизбраниот американски претседател.

Трамп, кој првично ги нарече демонстрантите „професионалци“ кои се поттикнати од медиумите, ја смени реториката и вчера ги пофали.

„Го сакам фактот што мала група демонстранти синоќа имаа страст за нашата голема земја. Сите ние ќе се здружиме и ќе бидеме горди“, напиша Трамп на Твитер.

Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат и викендов.

XS
SM
MD
LG