Достапни линкови

Големи протести за оставка на претседателката на Јужна Кореја


Демонстрантите носат фигури со ликот на претседателката Парк Геун-хје(десно) и нејзината пријателка Чои Сун-сил на протестите во Сеул на 27 октомври 2016

Демонстрантите носат фигури со ликот на претседателката Парк Геун-хје(десно) и нејзината пријателка Чои Сун-сил на протестите во Сеул на 27 октомври 2016

Десетици илјади луѓе денеска излегоа на протести на улиците на главниот град на Јужна Кореја, Сеул, на кои се бара оставка од претседателката Парк Геун-хје. Полицијата проценува дека на протестот пред Градското собрание има околу 170 илјади луѓе. Ова е последен од бранот протести кои уследија по обвинувањата дека претседателката дозволила нејзина лична пријателка да влијае на владините одлуки. Нејзината пријателка Чои Сун-сил е обвинета за заплашување на приватни компании за да „донираат“ милиони долари за фондации под нејзина контрола. Обвинителството има рок до 20 ноември да покрене обвинение против неа. Можно е истрагата да се прошири и на претседателката. Минатата недела, преку телевизиско обраќање, таа вети дека ќе соработува со секоја истрага за нејзините постапки.

Денешниот протест е еден од најголемите во Јужна Кореја од 1987 кога милиони луѓе протестираа за демократски претседателски избори.

XS
SM
MD
LG