Достапни линкови

Трамп сака телефонски разговор со Путин во блиска иднина


Комбинирана фотографија: Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Комбинирана фотографија: Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изрази желба телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин во блиска иднина. Тој ова го изјави во интервју објавено денеска во американскиот весник Вол Стрит Џурнал. Трамп вели дека добил „одлично“ писмо од Путин, осврнувајќи се на телеграмата со честитки од рускиот претседател испратена на 9 ноември во која се изразува желба да се работи на „враќање на руско-американските односи на стабилниот пат на развојот“.

ПОртпаролот на Путин, Дмитри Песков, вчера за американската телевизија Си-Ен-Ен рече дека Путин и Трамп се „многу прагматични“.

„Двајцата изразија подготвеност да развиваат добри односи со другите земји“, рече Песков и додаде дека „тоа е многу добра, многу позитивна коинциденција“.

XS
SM
MD
LG