Достапни линкови

logo-print

Oблачно и ветровито време со повремен дожд


Одразот на споменикот Воин на коњ во Скопје се гледа во вирче на плоштадот Македонија по дождот на 10 јуни 2013

Одразот на споменикот Воин на коњ во Скопје се гледа во вирче на плоштадот Македонија по дождот на 10 јуни 2013

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови на земјата. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 12 до 16 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремен дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Од недела дневните температури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нулата.

XS
SM
MD
LG