Достапни линкови

Руски весник отстрани интервју со шпекулација дека Путин ќе се повлече


Политичкиот аналитичар, Валери Соловеи

Политичкиот аналитичар, Валери Соловеи

Рускиот дневен весник „Московски космомолец“ од својата веб-страница отстрани интервју со руски аналитичар кој шпекули дека рускиот претседател Владимир Путин може да се повлече од функцијата пред следните претседателски избори во 2018 година.

Интервјуто со аналитичарот Валери Соловеи се појави на веб-странициата на весникот на 10 ноември, но брзо беше отстрането. Извори блиски до Соловеи за РСЕ велат дека тој веднаш по интервјуто ја напуштил Москва, на непозната локација.

Тој е познат по неговите точни предвидувања за политичките одлуки на Кремљ.

Во интервјуто Соловеи вели дека Москва може да распише предвремени избори во 2017 година, бидејќи Путин разбирал оти Русија нема да може да ги нормализира односите со Западот додека тој е на власт.

XS
SM
MD
LG