Достапни линкови

logo-print

Партиите почнаа со поднесување на пратеничките листи во ДИК


Државна изборна Комисија (ДИК).

Државна изборна Комисија (ДИК).

До Државната изборна комисија до денеска до 15 часот кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори поднела само партијата ПДП. Се очекува до полноќ, кога завршува рокот, сите политички партии да достават кандидатски листи до Комисијата за изборите на 11 декември.

Претходно и Коалицијата за промени и правда, која ја сочинуваат Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП, до Државната изборна комисија ги достави листите за кандидати за пратеници за шест изборни единици, соопшти попладнево коалицијата.

Според информациите од ДИК, денеска се зголемил и бројот на пријави од страна на државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, па, така од околу 16.000 колку што биле утрово, оваа бројка во 14 часот изнесувала 19.074. Од нив, 16.644 се прифатени, 211 се одбиени, а 2.219 се во обработка.

Најголем број од пријавените се за гласање во Берн, Венеција и Детроит, но од Комисијата предупредуваат дека бројките постојано се менуваат. И за нив, како и за лицата со спорни записи и увидот во Избирачкиот список завршува рокот на полноќ.

Во однос на лицата со спорни записи по последните административни и теренски проверки на Избирачкиот список од над 29.000 се пријавиле 1.326 за регулирање на избирачкото право, 1.301 се прифатени, а 25 во обработка.

До вчера до 19 часот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК направиле 7.171 граѓанин, а до вечерва на полноќ сите останати ќе имаат можност тоа да го направат преку веб-апликацијата поставена на страната на ДИК.

XS
SM
MD
LG