Достапни линкови

Опозицијата во Бугарија обвинува за манипулции пред вториот круг од изборите


Кандидатката на ГЕРБ, Цецка Цачева и независниот кандидат Румен Радев.

Кандидатката на ГЕРБ, Цецка Цачева и независниот кандидат Румен Радев.

Опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) денеска ги обвини властите во Софија за подготовка на изборни манипулации во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Бугарија, што ќе се одржи в недела.

Портпаролот на БСП, Жељо Бојчев на денешната прес-конференција соопшти дека партијата добила над 100 пријави за обиди за манипуации на изборите, кои ќе бидат проверени и доставени до соодветните институции.

Тој обвини дека владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) врши притисиоци преку држваните институции и органите на власт на локално ниво, што се под нејзона контрола.

Бојчев нагалси дека имаат информации оти во Дулово, Силистра и Благоеврад на гласачите им било ветувано дека ќе им бидат простени долговите кон локалните комунални претпријатија ако гласаат за претседателскиот кандидат на ГЕРБ, Цецка Цачева, додека во Петрич, Стралџа и Хасково пак биле делени бесплатни дрва за огрев од државните шумски претпријатија,

Тој обвини и дека имало случаи на притисоци врз вработените во јавните претпријатија во Софија, Бургас и Ќустендил за да гласаат за Цачева, како и дека активисти на ГЕРБ делеле пари на жителите на ромската населба во Пловдив.

Бојчевнагласи дека некои градоначалници од редовите на ГЕРБ им тврделе на своите сограѓани дека ако во нивниот град или општина не победи Цачева, тогаш ќе им биде прекината исплатата на средства наменети за локален развој од државната каса.

Членот на Извршниот одбор на БСП, Крум Зарков изјави дека граѓаните ќе можат да се спротивстават на овие обиди за изборни манипулации, само со масовен одѕив на изборите. - Бај Гањо повеќе не може да организира избори, потенцира Зарков.

На воритот круг од претседателските избори во Бугарија в недела ќе се соочат Цачева и независниот кандидат Румен Радев, кој е поддржан од социјалистите.

Во првиот круг од изборите на 6 ноември, Радев освои 25,45 отсто од гласовите, а Цачева - 21,97 проценти.

XS
SM
MD
LG