Достапни линкови

logo-print

Груевски најави фер изборна кампања


Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“,24.10.2016.

Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“,24.10.2016.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето по потпишувањето на декларација за заеднички настап на изборите со коалицијата „За подобра Македонија“ изјави дека ќе се залагаат за унапредување на стандардите на сите полиња и обезбедување просперитетна иднина за сите граѓани. Груевски посочи дека стратешки приоритет останува зголемувањето на економскиот раст и вработеноста и порастот на животниот стандард на граѓаните.

„Ние, членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“ се обврзуваме дека ќе ги штитиме интересите на Република Македонија и македонскиот народ, како и интересите на припадниците на етничките заедници.

Груевски рече дека нема да отстапат од стратешката определба за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО и дека ќе вложат максимални напори за борба против организираниот криминал и корупцијата и за унапредување на меѓуетничките односи, а ќе останат посветени и на реализацијата на реформите и проектите кои се во насока на развој на државата.

Груевски потенцира дека ќе водат фер и демократска изборна кампања и оти ќе ја ценат и почитуваат волјата на граѓаните.

„Свесни дека граѓаните сакаат крај на кризата во која бевме втурнати како држава, криза која донесе поделби, конфликтност и деструкција ќе работиме неуморно на нејзино надминување и во најдобар интерес на граѓаните. Граѓаните сакаат, очекуваат и заслужуваат сите овие пречки и блокади кои СДСМ ги поставуваше изминативе две години да завршат и да бидат надминати. Граѓаните сакаат напредок и просперитет. Граѓаните знаат кој има капацитет да го стори тоа и кому да му веруваат, истакна Груевски.

XS
SM
MD
LG