Достапни линкови

logo-print

Саакашвили ќе формира партија во Украина


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили кој ја воскресна својата политичка кариера во Украина, најавувајќи формирање на новата украинска политичка партија и побара предвремени избори, само неколку дена откако педнесе оставка на функцијата гувернер на Одеса.

Саакашвили денеска ги повтори обвинувањата дека неконтролираното профитерство и пречките за реформи ја повредуваат Украина, која остана поделена две години откако Русија го анектираше Крим и про-руските бунтовници почнаа да се борат против властите во Киев.

„Ние ќе креираме нова широка политичка моќ, платформа од нови сили и нашата цел е да ја промениме сегашната, постоечка т.н. политичка елита која всушност профитира“, рече Саакашвили.

Тој рече дека нивната цел е што е можно побрзо да се одржа парламентарни избори. Тој го обвини украинскиот претседател Петро Порошенко за саботирање на напорите за реформи.

XS
SM
MD
LG