Достапни линкови

Заев најави реизбор на судиите по изборите


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Генерален реизбор на судиите во Македонија по 11 декември, најави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее да помисли да монтира судски процеси и ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци затоа што криминалците ќе бидат таму каде што им е местото“, рече Заев.

Тој додаде дека и сега има поединци во судството кои одважно ја бранат прадвата, за што, како што рече, трпат последици.

„Со реизборот на судството политичарите, извршната власт ќе мора да ги повлечат канџите од судството. Реизборот ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати“, истакна Заев.

Дополнително, како што рече, бројчаникот што ќе го постават да врти на Триумфалната капија, ќе покажува како секој денар украдени пари на граѓаните се враќаат и ќе биде паметник за секого, дека за такво зло врз граѓаните, се одговара.

„Доаѓа време кога секој ќе биде еднаков пред законот. Секој заслужува правда и ве уверувам ќе има контрола над власта и ќе има правда за сите во Македонија, рече претседателот на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со доставувањето на листите за кандидати за пратеници, Заев изрази уверување дека ќе бидат обезбедени сите документи и дека комплетирањето на листите ќе биде завршено во предвидениот рок до полноќ.

XS
SM
MD
LG