Достапни линкови

Медведев одржа разговори со палестинскиот лидер во Ерихон


Медведев и Абас на средбата во Ерихон. 11.11.2016.

Медведев и Абас на средбата во Ерихон. 11.11.2016.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска во Ерихон одржа разговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас.

По разговорите Абас рече дека Русија „мора да игра ефективна и постојана улога во сите настани поврзани со мировниот процес.“

Абас исто така рече дека тој и Медведев разговарале за предлог на рускиот претседател Владимир Путин да одржат трилатерална средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Москва.

Медведев изрази надеж дека новата администрација на САД ќе учествува во израелско-палестинскиот мировен процес.

Медведев и Абас исто така потпишаа неколку економски и културни договори.

XS
SM
MD
LG