Достапни линкови

logo-print

Приведени 30 лица во Турција


Турската полиција приведува човек за кои се верува дека е поврзан со Курдската работничка партија ПКК.

Турската полиција приведува човек за кои се верува дека е поврзан со Курдската работничка партија ПКК.

Околискиот управник на Мардин, кој вчера беше повреден во бомбашкиот напад врз зградата на управата во градот Дерик, почина во болница, а полицијата приведе 30 лица во рамките на истрагата, соопшти турската полиција.

Турските власти сметаат дека нападот со рачно изработена бомба е дело на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).

Во експлозијата се повредени три лица, меѓу кои и околискиот управник Мухамет Фатих Сафитурк, кој утрово почина во болница.

Сафитурк беше назначен на функцијата во јули годинава по масовните смени, преземени од страна на официјална Анкара, со кои избраните градоначалници беа заменети со редица администратори, назначени од државата, и тоа главно во курдските општини.

XS
SM
MD
LG