Достапни линкови

Ердоган во посета на Минск


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 11.11.2016.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 11.11.2016.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Белорусија, каде ќе одржи разговори со високи претставници и ќе присуствува на отворањето на големата џамија во Минск.

Ердоган и неговиот колега од белорусија, Александар Лукашенко дискутираа за билатералната трговија и економските врски и присуствуваа на билатерален бизнис форум.

Ердоган ќе присуствува на отворањето на големата џамија, делумно финансирана од страна на Анкара. Џамијата ќе биде изградена на местото на старата историска џамија во Минск, која беше оштетена во времето на Советскиот сојуз. Старата џамијата била изградена од страна на белоруските Татари.

XS
SM
MD
LG