Достапни линкови

logo-print

Вицепремиерот Адеми: Европскиот извештај е реален


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбр Адеми.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбр Адеми.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска изјави дека Извештајот на Европската комисија за Македонија бил очекуван, реален и коректен.

„Тоа што го очекувавме тоа и го добивме. Верував дека Република Македонија ќе добие реален, коректен и објективен извештај каде ќе се нотира и напредокот, изјави Адеми, кој денеска присуствуваше на конференцијата за влијанието на евро-атлантските интеграции врз меѓуетничките односи.

Вицепремиерот за европски прашања посочи дека Извештајот содржи и препораки, особено за областите кои се опфатени за итните реформски приоритети.

„Препораките, констатациите секако дека се важни за нас. Секретаријатот за европски прашања изготви анализа која е испратена до сите институции, а ќе биде разгледана и од страна на Владата, рече Адеми.

Тоа што е позитивен чекор, според него, е дека Македонија доби препорака имајќи ги предвид сите околности со кои се соочува земјата.

XS
SM
MD
LG