Достапни линкови

logo-print

Сириските Курди напредуваат кон упориштето на ИД


Силите на СДФ седат на задниот дел на камион во селото Абу ал - Лај, околу 50 километри северно од Рака. 7 неоември 2016

Силите на СДФ седат на задниот дел на камион во селото Абу ал - Лај, околу 50 километри северно од Рака. 7 неоември 2016

Курдските сили во Сирија поддржани од САД напредуваат кон градот Рака – де факто главниот град на групата на Исламската држава (ИД) во Сирија.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти декка Сириските демократски сили (СДФ), мултиетничката опозициска алијанса предводена од Единиците за заштита на курдскиот народ, преземале контрола врз 19 села северно до Рака.

„Силите на СФД се обидуваат да навлезат длабоко во северните села на Рака“, вели шефот на групата за мониторинг Рами Абдел Рахман.

Тој истакна дека главна цел на СДФ е да ги обезбеди патиштата за нивните бирци пред да започнат акција во Рака.

СФД напредува на два фронта северно од Рака.

XS
SM
MD
LG