Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во западните делови засилен југозападен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните делови каде и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 11 до 18 степени. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

XS
SM
MD
LG