Достапни линкови

logo-print

Трамп во посета на Белата куќа


Во очекување на првата посета на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на Белата куќа, 10 ноември, 2016

Во очекување на првата посета на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на Белата куќа, 10 ноември, 2016

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја посети Белата Куќа. Неговата посета доаѓа по поканата на претседателот Барак Обама, како дел од транзицијата на власта од демократите на републиканската администрација. Потпретседателот во заминување Џо Бајден во Белата Куќа ќе се сретне со новоизбраниот потпретседател Мајк Пени.

Претходно, неколку часа по издвојувањето на изнендувачката победа на републиканскиот кандидат Трамп над демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, Обама изјави дека ќе следува непречена транзиција на власта. Тој посочи дека функцијата претседател на САД е поголема од кој било од нив.

Транзицискиот тим на Трамп предводен од гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи отвори нова интернет страна и профил на социјалната мрежа Твитер, каде што се објавуваат информациите за плановите на Трамп, и неговите биографски информации.

XS
SM
MD
LG