Достапни линкови

Европскиот суд затрупан со предмети по масовното отпуштање службеници во Турција


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Во Европскиот суд за човекови права се поднесени речиси 850 тужби по неуспешниот пуч во Турција а најголемиот дел од нив се однесуваат на отпуштањето на државните службеници, изјави висок европски претставник. Портпаолот на Генералниот секретар на Советот на Европа Турбјорн Јангланд, Даниел Холтген изјави дека по неуспешниот обид за воен удар во Турција во јули, околу 40 илјади случаи се отворени во турскиот Уставен суд. Холтген наведе дека целта на генералниот секретар Јагланд, кој е во посета на Турција, е да се изнајде начин за справување со таквата ситуација. Јагланд веќе разговараше со претседателот на турскиот Уставен суд и со министрите, а за денеска е предвидена и средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Неговата мисија е да најде излез од сегашната деликатна етапа меѓу Турција и Европа“, изјави Холтген алудирајќи на постоечките тензии меѓу Анкара и Брисел.


XS
SM
MD
LG