Достапни линкови

logo-print

Панчевски одговори со контра кривична пријава за Џолев


Архивска фотографија, Основен суд Скопје 1 Скопје

Архивска фотографија, Основен суд Скопје 1 Скопје

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски на кривичната пријава против него од неговиот колега судијата Иван Џолев, возврати со контра кривична пријава.

Тој денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднел кривична пријава против Џолев за сторено кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ откако ги отфрлил како неосновани обвинувањата во кривичната пријава на неговиот колега, е наведено во судското соопштение. Во него е посочено дека денеска тој бил официјално повикан од обвинителство да даде исказ за наводите во кривичната пријава против него.

„По даденото произнесување во врска со наводите во кривичната пријава ја известувам јавноста дека од моја страна на записник пред надлежниот јавен обвинител откако ги слушнав наводите на пријавата и се произнесов по истите отфрлајќи ги како неосновани истовремено поднесов кривична пријава против судијата Иван Џолев за кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ за тоа што лажно ме пријавил како сторител на кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност иако знаел дека не сум сторител на кривично дело.“ е наведена изјавата на Панчевски во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Инаку судијата Иван Џолев неодамна поднесе кривична пријава против претседателот на Основен суд Скопје 1 Владимир Панчевски, за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“


XS
SM
MD
LG