Достапни линкови

Грчката влада го осуди нападот врз француската амбасада во Атина


Архивска фотографија; Полициски форензичари, Грција 24 ноември 2015

Архивска фотографија; Полициски форензичари, Грција 24 ноември 2015

Грчката влада денеска го осуди нападот врз француската амбасада во Атина и изрази солидарност со чуварот кој беше повреден. Во владиното соопштение е наведено дека грчката полиција ќе ја исполни својата должност да ги лоцираат сторителите и да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани.

„Пријателските односи меѓу Грција и Франција не можат да бидат нарушени со вакви терористички акции“, се вели во соопштението.

Грчката полиција соопшти дека непознати напаѓачи утринава на моторцикл фрлиле рачна бомба на француската амбасада во центарот на Атина, при што еден припадник на обезбедувањето е полесно повреден.


XS
SM
MD
LG