Достапни линкови

Ердоган со порака до Трамп за нова ера во односите меѓу двете земји


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за подобрување на односите и соработката во борбата против тероризмот, соопшти официјална Анкара. Ердоган изјави дека почнува нова ера како резултат на изборот на Трамп за претседател на САД. Односите на Ердоган со Барак Обама и со Западна Eвропа се влошени по масовните апсења на судии, новинари и професори по неупсешниот воен пуч против него во јули годинава. Турција бара израчување на свештеникот Фетула Ѓулен кој живее во САД и кој е обвинет дека го организирал пучот.

XS
SM
MD
LG