Достапни линкови

Блиска средба меѓу руски бродови и подморница на НАТО


рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“

рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“

Руски воени бродови во источниот дел на Средоземно море пловеле блиску до холандска подморница за која Москва оцени дека ги следела бродовите на „опасен начин“. Портпаролот на руското министерство за одбрана генерал Игор Конашенков изјави дека руските бродови ја забележале подморницата на 9 ноември на 20 километри од рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“. Притоа тие ја принудиле подморницата да ја напушти областа. НАТО претставник соопшти дека Алијансата ја следи руската флота на „пресметано и разумно растојание“. Холандското министерство за одбрана пак, соопшти дека не ги коментира операциите на холандските подморници. Единствениот руски носач на авиони се приближува до брегот на Сирија каде што Москва им помага на владините сили.

XS
SM
MD
LG