Достапни линкови

Ѓукановиќ: Русија сака да го скрши европскиот систем на вредности


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ синоќа ја обвини Русија дека сака да го скрши европскиот систем на вредности и оцени дека крајна цел на таквата замисла на Блакнот е Србија. „Користејќи ја европската криза Русија се обидува да ја заживее непостоечката алтернатива за општествата од Западен Балкан кои тргнаа по патот на усвојувањето на европскиот систем на вредности“, изјави тој. Ваквата алтернатива Ѓукановиќ ја нарече илузија и оцени дека со нејзиното отворање „недобронамерно“ се поигрува со некои земји кои многу пати биле монета за поткосурување на големите сили. „Земјите од Западен Балкан немаат друг пат од европската и евроатлантската интеграција“, рече Ѓукановиќ.

XS
SM
MD
LG