Достапни линкови

logo-print

Агенти од Мосад во Албанија и Косово


Агенти на израелската тајна служба Мосад притстигнале во Албанија и Косово, за да им помогнат на тамошните служби во справување со групата уапсени џихадисти и други осомничени лица, за кои постои сомнеж дека планирале терорисички напади врз израелските фудалери на натпреварот меѓу репрзентациите на Албанија и Израел, што треба да се одигра на 12 ноември. Според весникот „Експерс“, агентите на Мосад заедно со припдници на албанската специјална полициска единица „Ренеа“ ќе се грижат за безбедноста на фудбалерите, а дел од нив ќе бидат и во соблекувалните. Фудбалскиот натпревар Албанија-Израел прво беше планирано да се одрига во северниот албански град Скадар, но од безбедносни причини тој е преместен во Елбасан. Израелската фудблска федерација побара да се одложи средбата и да се одигра на неутрален терен.

XS
SM
MD
LG