Достапни линкови

Обама вети лесна транзиција на власта


Американскиот претседател Барак Обама зборува по изборната победа на Доналд Трамп, Вашингтон,09.10.2016

Американскиот претседател Барак Обама зборува по изборната победа на Доналд Трамп, Вашингтон,09.10.2016

Американскиот претседател Барак Обама рече дека му дал инструкции на својот персонал да работи колку што е можно повеќе за да осигура лесна и успешна транзиција на власта кога републиканскиот избран претседател Доналд Трамп ќе го преземе претседателството на 20 јануари.

Во своето прво јавно обраќање по победата на Трамп, Обама рече дека му честитал преку телефон и го поканил да го посети во Белата куќа на десетти ноември за да започне процесот.

„Мирната транзиција на власта е еден од заштитните знаци на нашата демократија и во следните неколку месеци ќе му го покажеме тоа на светот“ рече Обама зборувајќи пред Белата куќа.

Тој се обрати кратко по обраќањето на ривалката на Трамп, кандидатот за претседател на демократите Хилари Клинтон која го призна поразот и му ја честиташе победата.

XS
SM
MD
LG