Достапни линкови

logo-print

Клинтон го призна поразот, му честиташе на Трамп


Хилари Клинтон пристигнува во Њујорк за да го одржи говорот, 9.10.2016

Хилари Клинтон пристигнува во Њујорк за да го одржи говорот, 9.10.2016

Демократскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави Хилари Клинтон го призна поразот на претседателските избори што се одржаа вчера. Таа пред насобраните поддржувачи во Њујорк, кои ја пречекаа со аплаузи, му ја честиташе победата на противкандидатот, републиканецот Доналд Трамп.

„Се надевам дека тој ќе биде успешен претседател на сите Американци. Ова не е исходот кој го посакувавме и за кој силно работевме и жалам што не победивме на овие избори за вредностите кои ги делиме и визијата која ја имаме за нашата земја “ рече Клинтон.

Таа додаде и дека изборните резултати покажале дека Соединетите Американски Држави биле поделени повеќе од колку што тие мислеле.

Клинтон исто така рече и дека владеењето на правото, еднаквите права и слободата на вероисповед мора да бидат почитувани и одбранети и тоа како што нагласи е одговорност на сите американски граѓани-да продолжат во градењето на праведна земја.

XS
SM
MD
LG