Достапни линкови

logo-print

Избрана новата влада во Киргистан


Архивска фотографија- Седница на киргистанскиот парламент

Архивска фотографија- Седница на киргистанскиот парламент

Пратениците во Киргистан денеска ја изгласаа новата влада во која повеќето министри од претходниот кабинет или ги задржаа своите позиции или се прераспределени на други министерски места. Денешното гласање го потврди предлогот на повторно назначениот премиер Соронбај Јенбеков.

Во кабинетот има и едно ново име, Чолпон Султанбекова која ќе биде заменик премиер.Претходниот владин состав на Јенбеков поднесе оставка на 26 октомври откако Социјал демократската партија на киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев се повлече од владејачката коалиција.

Тие ја прекинаа соработката откако некои од коалициските партнери одбија да го поддржат предлогот на социјалдемократите за уставни амадмани. Според Уставот Атамбаев не може да се кандидира за втор претседателски мандат кога ќе заврши актуелниот во 2017 година.
На 11 декември во земјата ќе се одржи референдум за предложените уставни амандмани.



XS
SM
MD
LG