Достапни линкови

logo-print

Хан: Новата влада по изборите да реши за мандатот на СЈО


Архивска фотографија- Хан на средба во Скопје со премиерот Емил Димтриев

Архивска фотографија- Хан на средба во Скопје со премиерот Емил Димтриев

Најпрво треба да има фер и транспарентни избори, според меѓународни стандарди и да се формира новата влада, па потоа таа да се справи со прашањето дали треба да се продолжи мандатот за поднесување на обвиненија на Специјалното обвинителство. Ова, како што јавува МИА попладнево на прес-конференција во Европската комисија го изјави комесарот за проширување Јоханес Хан, одговарајќи на прашање за состојбата со обвинителството предводено од Катица Јанева со цел справување со скандалот со прислушување.

"Дел од договорот од Пржино е комплетна и сеопфатна разрешница на скандалот со прислушувањето" посочи Хан.

На прашањето на дописникот на МИА за поддршката што ја имала СЈО која како што наведе тој била мала Хан нагласи дека тој не е судија и не сакал да суди за работата на правниците.

„Таа треба да ја работи својата работа и потоа да поднесе фер резултати до јавниот суд и судот да поведе судење и да донесе пресуда. Мислам дека е важно за сите да се однесуваат на значаен, одговорен и професионален начин. Дефинитивно не е лесна ситуација, за земјата и за некои клучни лица во земјата, но верувам дека и тука е неопходен елемент за понатамошна нормализација на политичката ситуација во земјата. Затоа, се надевам дека сите се свесни за својата одговорност, да преземат потребни мерки и да се почитуваат меѓу себе во извршувањето на својата работа“.

Во однос на прогрес-извештајот за Македонија, еврокомесарот за преговори за проширување посочи дека тој инвестирал многу од сопственото време за решавање на долготрајната политичка криза која се уште не е решена.

" Договорот од Пржино, посебно изборите во декември се поширока можност да се надмине сето ова и тоа граѓаните на земјата го очекуваат. Кредибилни избори и независна работа на Специјалниот обвинител, како и Итните реформски приоритети се важни" посочи Хан.

Еврокомесарот, како што е наведено и во извештајот, додаде дека Македонија, исто како и Србија е засегната од миграциската криза и дека земјата одиграла позитивна улога во нејзиното менаџирање. бн/14:57

XS
SM
MD
LG