Достапни линкови

Иванов му ја честита победата на Трамп


Архивска фотографија- Претседателот Ѓорге Иванов на Генералното собрание на ОН

Архивска фотографија- Претседателот Ѓорге Иванов на Генералното собрание на ОН

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Во неа се наведува дека Македонија придава исклучително значење на стратегиското партнерство со Соединетите Американски Држави, а заложбата за негово натамошно зацврстување претставува посебен интерес за земјава и за нејзините граѓани.

„ Во нашите 25 години независност и сувереност, Република Македонија долго време се соочува со неправедна и непринципиелна блокада на нашиот европски и евроатлантски пат. И како што на светот му треба поредок, така нам ни треба консолидирање на мирот, поголема стабилност, безбедност и демократија во регионот. За постигнување на овие цели потребна е интеграција на Република Македонија и целиот регион во НАТО и во Европската Унија, но и почитување на меѓународното право. За постигнување на овие цели посебно значајна е поддршката од САД“ наведува Иванов во честитката до Трамп.

Иванов е длабоко уверен дека Соединетите Американски Држави под лидерство на Трамп ќе помогнеле во исполнување на највисоките стратегиски цели на Македонија.

„Уверен сум дека во периодот што следи нашето стратегиско партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за што уште еднаш Ви ја искажувам нашата целосна подготвеност“ пишува македонскиот претседател.

XS
SM
MD
LG