Достапни линкови

logo-print

Подеста: се уште се пребројуваат гласовите


Џон Подеста, шеф на изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон

Џон Подеста, шеф на изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон

Џон Подеста, шефот на изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон пред нејзините приврзаници во Њујорк изјави дека се уште се пребројуваат гласовите од претседателските избори и оти во некои од нив резултатите биле премногу тесни. Џон Подеста додаде дека Клинтон нема да се појави и да им се обрати и ги повика да си заминат дома и да се одморат. Првичните резултати од претседателските избори покажуваат дека републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите држави Доналд Трамп. Со затворањето на избирачките места во 50 сојузни држави Трамп има значајно водство во трката за 270 гласови за да победи во таканаречениот Изборен колеџ кој го избира претседателот на САД.

XS
SM
MD
LG