Достапни линкови

logo-print

Хан: изборите можат да ја сменат играта во Македонија


Еврокомесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа во врска со претстојните избори во Македонија изјави: „Овие избори, спроведени фер и транспарентно и во согласност со меѓународните стандарди, ќе играат одлучувачка улога. Морам да кажам дека ова не се самоизбори, изборите се пресвртница, но потоа новата влада ќе биде принудена да се фокусира врз итните реформски приоритети и да го исполни тоа. Но, веќе и изборите сами по себе се еден вид притисок. Јас би рекол позитивен притисок врз европското семејство за реализација на она што е од наша страна, бидејќи ние сега сме сведоци на она што значи да не се исполнува, бидејќи земјата уназадуваше. Мислам дека можеме да ја стабилизираме, но сега е наш редот да го наградиме ова со давањето перспектива и стартување на преговорите доколку тие ги исполнат условите“.

XS
SM
MD
LG