Достапни линкови

logo-print

ЕК со извештај за напредокот на земјите кандидати


BЕврокомесарот Јоханес Хан

BЕврокомесарот Јоханес Хан

Европската комисија денеска треба да ги објави годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија. Македонија, како и во претходните седум извештаи очекува нова препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Таа, според најавите, ќе биде условена како и во минатата година. Македонија, е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Еврокомесарот Јоханес Хан, денеска најпрвин извештаите ќе ги претстави пред Еврокомисијата, а потоа и официјално ќе ги претстави пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

XS
SM
MD
LG