Достапни линкови

Трамп во водство пред Клинтон


Републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите држави Доналд Трамп води пред неговиот ривал од Демократската партија Хилари Клинтон, покажуваат првичните резултати од претседателските избори. Тој освои големи победи во Охајо, Северна Каролина и Флорида. Клинтон извојува победи во Њујорк, Илиноис и во повеќето држави на североистокот на земјата. Со нејзините победи во Њу Мексико и Колорадо таа се уште има изгледи да победи на изборите. Но, со затворањето на избирачките места во 49 од 50 сојузни држави Трамп има значајно водство во трката за 270 гласови за да победи во таканаречениот Изборен колеџ кој го избира претседателот на САД. Во исто време во изборите за Конгресот се чини дека републиканците ќе ја задржат контролата во 435 члениот Претставнички дом. Што се однесува до гласањето за една третина од 100 члениот Сенат, Демократите се надеваат дека ќе освојат уште четири места за да го контролираат Горниот дом на Конгресот.

XS
SM
MD
LG